Përshkrimi I programës
Програмата “Обука за наставници за идентификација, инклузија и справување со ученици со емоционални проблеми” е насочена кон стручно оспособување на наставниците за препознавање, идентификување и справување со ученици кои покажуваат емоционални проблеми во однесувањето.
По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: применува вештини во комуникација со учениците кои покажуваат проблеми во однесувањето, да комуницираа со нивните родители и стручните служби во училиштето, да соработуваат во тим. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите комуникациски вештини и знаења со учениците, со што ќе го олеснат процесот на наставата и за самите ученици кои покажуваат вакво однесување и за останатите ученици во одделението, а исто така со тоа се намалува ризикот од понатамошно девијантно однесување.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи и техники специфични од областа на советување и комуникација, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана и искуствена активност во текот на целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.
Структурата на оваа програмата за “наставникот” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука во група, проверка на постигањата на кандидатите, самоевалуација.
Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.
Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценца акредитирана од евроски тренинг инситут.
Практичен дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по психологија, специјалистичка постдипломска обука од областа на психотерапија со лиценцаод Комората на психолози на РН како и акредитиран сертигфикат од акредитирана од евроски тренинг инситут.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат.
Времетраењето на програмата е 100 наставни часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-напредно ниво.
Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да: применува вештини во комуникација со учениците кои покажуваат проблеми во однесувањето, да комуницираа со нивните родители и стручните служби во училиштето, да соработуваат во тим. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците практична примена на стекнатите комуникациски вештини и знаења со учениците, со што ќе го олеснат процесот на наставата и за самите ученици кои покажуваат вакво однесување и за останатите ученици во одделението, а исто така со тоа се намалува ризикот од понатамошно девијантно однесување.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 30 | 30 |
Praktikë | 60 | 60 |
Vlerësim | 10 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 100 |