Përshkrimi I programës
Главна цел на обуката е учесникот да се оспособи да подготвува, води и евалуира обуки и сесии за возрасни.
Резултатите од постигнувањата на учесниците ќе бидат евалуирани во текот и на крајот од обуката и ќе бидат базирани на јасно поставени критериуми кои ќе гарантираат дека учесниците ги поседуваат потребните компетенции за работа како обучувачи на возрасни.
Активната вклученост на учесниците во обуката е еден од основните андрагошки принципи на кои ќе се базира обуката. Завршната евалуација на постигнувањата на учесниците ќе се базира на проценка на целокупните постигнувања во процесот на обуката, како и завршна проценка составена од писмена и усна проверка.
Начин на реализација на обуката:
Обуката содржи теоретски и практичен дел, со вкупно времетрење од 240 часа од кои: теоретски (144), практични (72) и часови за оценување (24), преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работат како обучувачи на возрасни.
По завршувањето на обуката, учесникот ќе се стекне со сертификат за „Обучувач на возрасни“
Rezultatet e programës
- ги знае функциите и особеностите на полето на образованието на возрасни и неговата важност во нацонален и социјален контекст, како и во споредба со други можни контексти во поглед на поширока меѓународна рамка;
- ја постави својата сопствена професионална улога во рамките на националниот контекст;
- ги владее теориите на учење и поврзува со својата дидактичка активност;
- ги владее мотивациските, психолошките и социјалните особености од учењето на возрасни и ги зема во предвид при планирање и имплементација на своите обуки;
- ги применува теоретските принципи на комуникацијата во својата образовна работа со возрасни;
- ги применува главните теории на групната динамика обуката и учењето во група за да може да раководи со социјалните процеси;
- ги применува наставни техники и форми за учење во образованието на возрасни заради постигнување оптимален успех во обучувањето на различни целни групи;
- ги работи согласно фазите: планирање (вклучувајќи го и развојот на наставната програма), организација, реализација и евалуација во процесот на образованието на возрасни.
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 144 | 60 |
Praktikë | 72 | 30 |
Vlerësim | 24 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 240 |