Përshkrimi I programës

Sorry, the content of this page is available only in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Главна цел на програмата „Оџачар за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво“е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за градежно-техничките карактеристики на оџачките канали како конструктивен дел од објектот за домување, законски прописи и стандарди кои ја уредуваат областа на оџачарските работи, превентивната проверка на исправноста на оџачките канали, сезонски преку редовни или вонредни проверки, проценка за видовите на опасности како ризик за опасност од пожари на објектите, примена на мерки за заштита при работа, пружање на прва помош во случај на повреда или дуг вид на незгода и навремена евакуација во случај на опасност, правилен избор на потребниот алат и прибор и инструменти за проверка, одружување и чистење оџаци, ракување со опремата, практична употреба и постапување во услови на чистење на оџаците и практична работа со алатките, опремата, инструментите за проверка, чистење и одржување на оџаците, санација на оштетените делови, мерни инструменти и др..
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „ОЏАЧАР за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво“.
Времетраењето на програмата е 180 часа од кои 42 часа теоретска обука, 126 часа се практична обука во реални работни услови и 12 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиоти практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на обучувач, а практичната обука на терен во станбени објекти кои располагаат соочачки канали и ложишта,. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Оџачар за објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво“.

Rezultatet e programës

(English) По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • ја планира, подготвува, изведува и контролира сопствената работа; • рационално ја користи опремата и алатите; • го штити здравјето и околината; • комуницира со соработниците, стручните служби и со клиентите; • спроведува или применува закони и подазаконски акти од областа на заштитата од пожари; • ги спроведува или применува своите права, обврски, одговорности; • работи со уреди во оџачарството и применува нивно правилно одржување; • врши избор и употреба на потребните алати, машини и останата техника, • советува и надгледува санација на оџаци и ложишта; • лоцира елементи и составни делови на оџачките канали и ложишта за цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување, местоположба во градежните објекти, функција и противпожарни карактеристики; • лоцира елементи и составни делови на оџачките канали и ложишта за цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување во проекти; • води правилна евиденција, записник и друга евиденција за извршените оџачарски работи; • применувамерки за заштита при работа, заштита од пожари и пружање на прва помош во случај на повреда или дуг вид на незгода и навремена евакуација во случај на опасност. • самостојно спроведува технолошки постапки за одржување и чистење на чадоводни инсталации и ложишта за цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување; • самостојно спроведува превентивно советување во однос на правила и прописи за скалдирање на цврсто и течно гориво во објектите за индивидуално и колективно домување, • самостојно води администрација и евиденција за планирање и извршување на оџачарската дејност

Kriteret për hyrje në programë

(English) Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 17 години. Учесниците треба да поседуваат уверение дека немаат здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот

Kohëzgjatja e programës

Kohëzgjatja e programës Numri I përgjithshëm I orëve Treguar në përqindje
Teori 42 23
Praktikë 126 70
Vlerësim 12 7
Numri I përgjithshëm I orëve 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support