Përshkrimi I programës
Rezultatet e programës
(Mk) По завршување на Програмата учесникот ќе биде способен да:
- изготвува проекти поврзани со поставување, оддржување и бележење на рекреативно-планинарски патеки;
- ја планира и организира работата поврзана со поставување и оддржување на рекреативно-планинарски патеки;
- избира потребни материјали, прибор и алат за поставување и одржување на рекреатвно-планинарски патеки;
- ја изведува и контролира работата поврзана со поставување и одржување на рекреативно-планинарски патеки;
- ги применува прописите за поставување и означување на рекреативно-планинарските патеки;
- применува различни техники на бележење на рекреативно-планинарски патеки;
- предлага поставување на заштитни градби на делови од рекреативно-планинарските патеки;
- предлага затворање на постојните и поставување на нови рекреативно-планинарски патеки;
- комуницира со колегите, надлежните и со населението;
- користи соодветни информациски-комуникациски средства;
- се движи и работи на неозначени патеки и по лесни беспатија на различни терени;
- мапира рекреативно-планинарски патеки;
- анализира временски прогнози;
- се ориентира, чита мапи и се снаоѓа на терен во тешки услови;
- води евиденција и документација за рекреативно-планинарските патеки;
- информира за културното наследство и природното богатство во регионот каде што се изведува работа во планина;
- користи опрема потребна за движење и работа во планина;
- ја одржува опремата која ја поседува и која ја употребува;
- користи средства за лична заштита и безбедност;
- укажува прва помош на учесниците во процесот на водење во планина
Kriteret për hyrje në programë
(Mk) За да се вклучат во Програмата, учесниците треба да исполнуваат општи и посебни критериуми.
Општи критериуми се :
- возраст, најмалку 18 години ,
- завршено средно образование (четиригодишно или тригодишно);
- три години активност во планинарење;
- членство во планинарски клуб, член на ФПСМ;
- добра здравствена состојба.
Посебни критериуми се :
- способност за самостојно движење;
- најмалку 5 различни тури над линија на дрва по лесни патеки (во последните три години);
- најмалку 5 различни тури низ тешки и низ многу тешки патеки (во последните три години);
- најмалку 5 акции за бележење на планинарски патеки (во последните три години).
Учесникот го докажува исполнувањето на посебните критериуми преку список на реализираните тури. Посебните критериуми кандидатот треба да ги исполни до денот на пријавување за обука.
Пред започнување на обуката, со кандидатите се реализира приемна планинарска акција со која се проверува физичката и психичката подготвеност. Воедно се прави и приемен теренски тест, кој го утврдува нивото на знаење и подготвеност за стекнување лиценца.
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 27 | 27 |
Praktikë | 67 | 60 |
Vlerësim | 15 | 13 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 112 |
0 STUDENTS ENROLLED