Përshkrimi I programës

Sorry, the content of this page is available only in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

После завршување на обуката, која се состои од два модула, учесникот ќе биде способен да:
Прво ниво на сертифицирање: подготви, води и евалуира обука и сесии;
Второ ниво на сертифицирање: ги води (coach) во текот на нивниот процес и да ги обучува обучувачите на возрасни.

Обуката ќе биде органзирана во два модула, односно во две нивоа:
прво ниво (професионален обучувач на возрасни) и
второ ниво (професионален обучувач на обучувачи за возрасни
).
По завршувањето на првото ниво на програмата, учесникот ќе се стекне со сертификат за професионален обучувач на возрасни. После завршувањето на второто ниво од програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за професионален обучувач на обучувачи за возрасни. Учесникот може да премине на второто ниво само докололку го има завршено првото ниво и се има стекнато со сертификат за професионален обучувач на возрасни.

Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работата како професионални обучувачи на возрасни (прво ниво), односно професионални обучувачи на обучувачи на возрасни (второ ниво).
Првото ниво од програмата е во траење од 210 часови, а второто ниво е во траење од 120 часови.
Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како професионални обучувачи на возрасни (прво ниво), односно професионални обучувачи на обучувачи на возрасни (второ ниво).
Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник.
Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел.

Rezultatet e programës

(Mk) Прво ниво (професионален обучувач на возрасни) После завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • подготви акционен план за кратка обука во траење од три дена
  • го подготви процесот на обука подолга од три дена со користење на различни педагошки пристапи
  • подготви детален план за водење на сесија и проценка на потребните педагошки ресурси
  • води сесија
  • учесникот (обучувач) ќе биде способен да го евалуира индивидуалниот напредок и постигнувањата на учесниците
  • учесникот (обучувач) ќе биде способен да им помогне на учесниците во надминување на потешкотиите при учењето
  • ја евалуира обуката
  • ја анализира сопствената професионална пракса
Второ ниво (професионален обучувач за обучувачи на возрасни) После завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ги води (coach) учесниците во нивниот професионален проект и во процесот на вработување
ги води (coach) учесниците во процесот на организирање на обуката (креирање и планирање)

Kriteret për hyrje në programë

(Mk) За прво ниво: - минимум две години искуство во областа во која ќе обучува други - јасна и реална идеја за сопствениот професионален проект по завршување на обуката За второ ниво: - минимум две години искуство како обучувач на возрасни

Kohëzgjatja e programës

Kohëzgjatja e programës Numri I përgjithshëm I orëve Treguar në përqindje
Teori 99 30
Praktikë 204 62
Vlerësim 27 8
Numri I përgjithshëm I orëve 330
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support