Përshkrimi I programës
Оваа програма за работно оспособување за занимањето ракувач со виљушкар на учесниците во програмата им овозможува да се стекнатсо знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со виљушкарот на работното место.
Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат насловен како „Ракувач со виљушкар“
Програмата е во времетраење од два месеци, се состои од вкупно 144часови од кои 32часа се за теоретска настава, 96часа се за практична обука во работилница, погон или реални работни услови и 16часа се наменети за оценувањето.
Теоретската обука ќе се одвива во училница –кабинет. Практичната обука ќе се изведува во реални услови, учесниците во програмата ќе бидат под менторство на вработен во компанијата.
Кандидатите кои успешно ќе јазавршат програмата, ќе бидат оспособени самостојно да ракуваат со виљушкар, ќе стекнат работни навики и дисциплина, ќе научат да ги применуваат средствата за безбедност при работа, ќе научат да се грижат како за сопствената безбедност така и за другите лица, ќе развијат способности запрецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со виљушкар како што се: подигнување, задржување, спуштање и пренесување на товар, ќе развијат свест за превентивно одржување на виљушкарот во исправна состојба.
По завршувањето на обуката кандидатитеполагаат завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат„Ракувач со виљушкар“.
Rezultatet e programës
- ги применува правилата и презема мерки за безбедност при работа со виљушкар;
- гиприменува правилата за внатрешен транспорт;
- разликува видови механизми и погони кај виљушкарот и нивната намена;
- проверува исправност на механизмите и системите на виљушкарот и да ги одржува во исправна состојба,
- ја планира и подготвува манипулацијата на стоката со виљушкарот;
- го подготвува виљушкарот пред почетокот на работата според дадените упатства за работа;
- ги познава правилата за работа со виљушкарот и безбедно поставува и обесува товар;
- ракува со виљушкарот приразни операции како подигнување, спуштање, задржување и премесување на товар;
- управува со моторните и со електричните виљушкари;
- вршиконтрола на исправноста на виљушкарот;
- ја пријавува неисправноста и недостаток при работа со виљушкарот и води документација за тоа;
- го снабдува уредот со електрична енергија или гориво на местата предвидени за тоа;
- ги опишува својствата на материјалите што ги транспортира;
Kriteret për hyrje në programë
- имаат завршено најмалку основно образование;
- се на возрастнад 17 годинии
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 32 | 22 |
Praktikë | 96 | 67 |
Vlerësim | 16 | 11 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 144 |
Course Reviews
No Reviews found for this course.