Përshkrimi I programës

Sorry, the content of this page is available only in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи на Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка.

Програмата се состои од 157 часови, теоретски дел од 33 часови, практичен дел од 107 часови и 17 часови за оценување и самоевалуација.

Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.

Практичната настава се реализира преку демонстрирање на употребата, како и практична примена од страна на учесниците  на мостна, портална и конзолна дигалка на обезбедени локации, магацински простории и простории за товарање и истоварање, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на мостна, портална и конзолна дигалка.

Оценувањето на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.

Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од општиот и посебниот дел на програмата за обука.

Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување на мостна, портална и конзолна дигалка на соодветна локација.

Програма ја спроведува тим на искусни инженери од соодветната област (сообраќај и машинство),  квалификувани со најмалку 5 годишно работно искуство ракувачи на мостна, портална и конзолна дигалка.

По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка. По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, знаења и вештини за извршување на работата Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка. Програмата за Ракувач на мостна, портална и конзолна дигалка е во времетрање од 3 месеци.

Rezultatet e programës

(Mk) По завршувањето на програмата учесникот стекнува знаења, квалификации, вештини и ќе биде способен да: - ја планира, подготвува, организира и извршува својата сопствена работа, - ја планира, организира и ја насочува работата според инструкциите и барањата, - разликува различни видови дигалки, - набројува карактеристики на дигалките (предности и недостатоци) и принципи при изборот за нивна употреба за извршување на работните процеси, - ја распознава поврзаноста на сите учесници во работењето на локацијата, - ја анализира моменталната состојба на теренот, соодветната локација и определува начин на експлоатација на  на мостната, порталната и конзолната дигалка, - ги распознава работните циклуси на мостната, порталната и конзолната дигалка, - ги подготвува и врши проверка на исправноста на машините, опремата и алатите за работа, - ги прегледува и ги подготвува машините и уредите за работа (сопирачките, нивото на масло, вода и гориво, исправноста на хидрауликата, осветлувањето, звучна и светлосна сигнализација и противпожарните средства) и дијагностицира дефекти, - ги познава постапките за евидентирање и документирање на матична и контролна книга, работни налози, работни упатства, дневник за работа на дигалката, потрошен материјал , гориво, пријава за дефект, - ги евидентира податоците потребни за машините и опремата, (прегледи на машините и уредите), -  ја одржува механизацијата во исправна состојба, - следи упатства за сервисирање и ги почитува термините според упатството, - комуницира со клиентите на професионално ниво, - комуницира со колегите кои работат со останатите машини во заедничката група, - применува деловна култура и основи на работната етика и морал, - се грижи за постигнување на стандардите и квалитетот на работите, - применува постапки за укажување прва помош, - применува прописи за заштита, безбедност и здравје при работа како и заштита на работната и животната средина.  

Kriteret për hyrje në programë

(Mk) Учесниците во програмата можат да бидат лица кои имаат потреба за квалификација на своето занимање за ракување на мостна, портална и конзолна дигалка, кои имаат завршено најмалку средно образование.

Kohëzgjatja e programës

Kohëzgjatja e programës Numri I përgjithshëm I orëve Treguar në përqindje
Teori 33 21
Praktikë 106 68
Vlerësim 17 11
Numri I përgjithshëm I orëve 156
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support