Përshkrimi I programës
Главната цел на програмата „Фризер за жени“ е насочена кон вработување во фризерски салони и самовработување на поголем број на лица преку стекнување на стручно оспособување во областа на фризерството. Со помош на теоретска и практична настава учесниците ќе се оспособат за работа за занимањето фризер.
Посебната програма Фризер за жени им овозможува на учесниците стручно оспособување и стекнување на основни познавања за занимањето фризер. Програмaта ги оспособува учесниците да: воспоставуват професионална комуникација со клиентите; разликуват и користат опрема, прибор и алат за работа; користат принципи за безбедност при мерка на работа; приготвуват клиент за обликување на фризура; разликуват разни постапките на третирање на скалпот; разликуват разни постапки за изработка на фризури; мијат коса, потстрижуват, обликуват, бојат и белат коса; применуват норми на работна етика.
Програмата се состои од торетски и практичен дел. Теоретскиот дел ќе биде реализиран од обучувач со завршено високо образование, односно, студии по медицина или фармација или биотехнологија. Практичниот дел ќе биде рализиран од мајстор-фризер или фризер со нјамалку тригодишно работно искуство Фризер за жени
Обуката е со времетраење од 3 месеци, односно, 254 часа или 22 часа неделно од кои 63 часа или 25% теоретска настава, а 166 часа или 65% практична настава, 25 час или 10% за проверка на знаењето. Времетраењето на еден час е 60 минути.
Оценувањето на стекнатите знаења на учесниците ќе се спроведува усно , писмено и преку практична работа.За секој ученик ќе има посебно портфолио.
По реализација на посебната програма, се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат ‘’Фризер за жени“.
Rezultatet e programës
- Подготвува, организира и планира работни задачи;
- Почитува мерки за рационално користење струја, материјал и време;
- Применува прописи за добра хигиенска пракса ;
- Применува прописи за заштита при работа;
- Разликува потребни алати, прибори, материјали за работа при фризерските постапки;
- Избира, употребува и одржува алат, прибор и апарати
- Пoдготвува клиент за третман
- Мие коса, потстрижува, обликува, бои и бели коса.
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 63 | 25 |
Praktikë | 166 | 65 |
Vlerësim | 25 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 254 |
Course Reviews
No Reviews found for this course.