Përshkrimi I programës
Програмата за обука на фризер за жени претставува посебна програма за работно оспособување, стекнување знаења, вештини и способности на кандидатите.
Главна цел е учесникот по завршување на програмата да организира сопствената работа, да организира простор и работа во салон, да го подготвува клиентот, да комуницира и да го советува клиентот, мие и негува коса,подготвува и изведува потстрижување и обликување на коса, боење и белење на косата, изведување на фризури,рационално да ги користи материјалите, да води грижа за сопствената и безбедноста на клиентот, да води евиденција и подготвува пресметки за работа,да ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис.
Содржините од програмата ќе се реализираат како теоретски и практичен дел и би се завршило со полагање на завршен испит.
Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на фризерството во фризерски салон опремен со потребниот алат,пробор и опрема.
Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Програмата ќе се реализира со вкупно 240 часа со следниве модули:
-Организација на простор и работа во фризерски салон
-Миење и нега на косата
-Потстрижување на косата
-Обликувања на косата
-Боење и белење на косата
-Фризури
-Бизнис и претприемништво
По успешно завршување на обуката и положен завршен испит, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за фризер за жени со можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво во занимањето фризер.
Rezultatet e programës
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 48 | 20 |
Praktikë | 168 | 70 |
Vlerësim | 24 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 240 |