Përshkrimi I programës
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при изработка на модна конфекција како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „ Шивач на конфекциски материјал“;
Времетраењето на програмата е 504 часа од кои 102 часа теоретска обука, 354 часа се практична обука во реални работни услови и 48 час се наменети за оценувањето.
Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат „Шивач на конфекциски материјал“;
Rezultatet e programës
- организира простор и работа во текстилна конфекциска фабрика,
- подготвува работното место,
- идентификува делови на обична шивачна машина
- ракува со машини за шиење
- разликува и изработува различни видови на бодови
- разликува начини на кроење и шиење
- шие специфични кројни делови на конфекциски материјал
- правилно користи кројни делови на конфекциски материјали
- шие здолниште, блуза, панталони и кошула
- контролира сошиен конфекциски производ
- поправа конфекциски производ
- меѓуфазно пегла кројни делови
- спроведува технолошки постапки во конфекциското производство
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 102 | 20 |
Praktikë | 354 | 70 |
Vlerësim | 48 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 504 |