Përshkrimi I programës
Главна цел на програмата е учесниците да стекнат знаења, вештини и компетенции за процесот на шиење на текстилни материјали на обична машина за шиење, на специјални машини за шиење, на автомати и ракување со машините. Стекнатите знaења, вештини и компетенции ќе им помогнат на учесниците полесно вработување во конфекциските компании.
Програмата „ Шивач на текстилни материјали – основно ниво “ е така концепирана да можат да се стекнат со потребните знаења, вештини и компетеници за шиење и ракување со машините. Поделена е во три дела и тоа:
- теоретски дел кој се состои од следните тематски целини: конфекциски материјали, машински бодови и шевови, подготовка за шиење и машини за шиење;
- практичен дел;
- завршен испит (проверување на стекантите знаења, вештини и компетенции од програмата);
Стручно-теретскиот дел од програмата ќе се реализира во просторија училница-кабинет опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл.
Практичниот дел од програмата ќе се реализира во училишна конфекциска работилница, опремена со машини согласно содржината на програмата и во компании со кои ќе пројават интерес за вработување и соработка а со учесниците ќе работат професори ментори со повеќегодишно работно искуство
Завршниот испит како трет дел од програмата шивач на конфекциски материјал се состои во проверка на стекнатите знаења, вештини и компетенции од реализираната програма. Ќе се спроведува во училишната работилница и во компанија, пред комисија составена од наставнци кои ја изведуваа теоретската настава и дел практичната обука и лице-ментор од компанијата. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат “Шивач на текстилни материјали – основно ниво “
Времетраењето на програмата е 3 месеци, со вкупно 330 часа.
За реализација на програмата (обуката) ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор); визуелни (демонстрирање, цртање); практични методи (практична работа – вежби) кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на учесниците во програмата ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења и практична работа- вежби.
Rezultatet e programës
- разликува ткенина од плетенина, неткаен текстил, лице и опачина на ткаенина, плетенина, кожа, правец на основа и јаток кај ткаенина односно редови и колони од котелци кај плетенина, обоен од печатен материјал односно дезениран материјал со технологијата на ткаење, плетење и везење;
- избира конец за шиење, машински бод и машински шев согласно текстилниот материјал;
- разликува конци за шиење по суровински состав, број на жици и нумерација;
- применува машински бодови и шевови;
- идентификува поединечни кројни делови од основните кроеви на здолниште, панатлони, блуза, кошула);
- познава составни делови на подготвен комплет согласно работен налог;
- комплетира означени места на кројните делови за составување на два кројни дела;
- идентифукува основни делови на машините за шиење;
- објаснува функција на основните составни делови на машините за шиење;
- организира работа на работното место;
- проверува исправност на машината за шиење;
- воведува горни и долни конци кај машините за шиење;
- премотува долен конец за машини со зрнест бод;
- ракува со обична машина за шиење;
- ракува со специјална машина за шиење (двоигловка, оверлок, за нашивање ракави, пикер машина);
- ракува со автомати за шиење (автомати за правење дупчиња, автомати за нашивање на копчиња, автомати за зацврстен бод);
- шие разни материјали со разни машински бодови и шевови (применува стандарни машински шевови при составување на два листа материјал);
- изработува поедини делови од облеката (манжетни, јаки, ракави, колани, лајсни, гајки)
- составува делови од облека со стандардни основни машински бодови и шевови (монтажа на одделни делови од облеката);
- воочува неправилно изведена операција на шиење;
- корегира неправилно изведена операција на шиење;
Kriteret për hyrje në programë
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 60 | 18 |
Praktikë | 250 | 76 |
Vlerësim | 20 | 6 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 330 |
Course Reviews
No Reviews found for this course.