Опис на програма

Со оваа програма се оспособуваат кадри со титула Аналитичар за одржлив развој кои во текот на обуката ќе се стекнат со потребните знаења, вештини и компетенции за конципирање (анализа и планирање) и реализирање на принципите за одржливиот развој (ОДР) во соодветната организациска единица.

 

Оваа програма опфаќа теоретски и практичен дел во времетраење од вкупно 245 часа од кои 72 часа се предвидени за теорија, 140 часа за реализирање на практична работа во јавен објект, мало / средно / големо претпријатие или домаќинство и 33 часа за оценување кое вклучува контролни тестови, усни дискусии и завршна презентација за одбрана на студијата на случај.

 

Програмата е модуларна и се состои од следниве модули (области):

 

  • Модул 1: Вовед во одржлив развој
  • Модул 2: Глобални економски и светски трендови;
  • Модул 3: Стратегии за одржлив развој на микро и макро ниво;
  • Модул 4: Еколошка политика;
  • Модул 5: Еко иновации за одржлив развој;
  • Модул 6: Индикатори за мониторинг и мерливост на одржлив развој;
  • Модул 7: Почисто производство;
  • Модул 8: Еко – дизајн;
  • Модул 9: Методологии за одржлив развој;
  • Модул 10: Алатки за организација и реализација на одржливиот развој;
  • Модул 11: Одржливост во домови
  • Модул 12: Практична работа и изработка на студии на случаи (анг. Case Studies)

Учесникот во програмата ќе се оспособи да ја планира сопствената работа согласно стандардите и стандардните оперативни процедури на организациската единица и да ги прибира и подготвува потребните податоци за работа од економски, социјален и еколошки аспект.

Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со клиенти и соработници обезбедувајќи соодветна и навремена комуникација со употреба на техничко – технолошка терминологија. Учесникот ќе се стекне со соодветно знаење за проценка на животната средина, идентификување на предностите, недостатоците, можностите и заканите за спроведување на одржливи решенија во рамки на анализираните организациски единици, утврдување на индикатори за следење на ефикасноста на процесите, спроведување на еко – проверка, како и изготвување на предлог решенија за одржлив развој во организациските единици.

Резултати од програма

По завршување на обуката, ќе бидат профилирани кадри во согласност со стандардот на занимање “Aналитичар за одржлив развој“, кои ќе се стекнат со соодветни вештини, знаења и компетанции за да:  
  • ја разберат политиката на компанијата;
  • користат легислатива и стандарди за животна средина и одржлив развој во процесите на работа;
  • ги разберат основните на оперативните планови во оперативната единица;
  • ги идентификуваат можните извори на загадување;
  • вршат проценка на економските, еколошките и социјалните аспекти во работните процеси;
  • проценат усогласување на процесите во согласност со одржливиот развој;
  • изработат Еко – проверка;
  • постават цели и задачи за реализирање на акциони планови за одржлив развој;
  • толкуваат соодветни индикатори за квалитетот на животната средина;
  • предлагаат решенија во согласност со одржливиот развој за исполнување на поставените индикатори;
  • идентификуваат чекори за реализација на принципите за одржлив развој;
  • анализираат податоци и подготвуваат извештаи;
  • презентираат наоди пред клиенти и соработници;
  • пружат советодавна помош на клиенти за исполнување на барањата од регулативите во областа на животна средина и одржлив развој;
  • прелагаат одржливи решенија и финансиски оправдани технологии, со предлог чекори / фази за постигнување на одржливост;
подготвуваат извештаи за усогласеноста на системот со параметрите за одржлив развој.

Критериуми за влез во програмата

Ниво на образование: Минимум IV ниво - диплома за завршен соодветен ниво на образование во соодветна насока Дополнителни критериуми: - дополнителни сертификати (формално и/или неформално образование) - познавање англиски јазик - работа со компјутери - пожелно е познавање на деловна техничка документација

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 72 29
Пракса 140 57
Оценување 33 13
Вкупен број на часови 245

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

1 STUDENTS ENROLLED
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support