Опис на програма
Целта на насавата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
А1(почетно рамниште) составува прости реченици и одговара на едноставни прашања,разбира едноставни текстови, учествува во комуникација во која соговорникот зборува полека со јасен, разбирлив изговор.
1.Граматика: обработка на структури со глаголот СУМ, лични заменки, присвојни придавки, множина кај именките, неодреден член, форми за присвојност, форми и структури на сегашно просто време, изрази за количество, базични модални глаголи, обработка на форми за минато време од глаголот СУМ и правилните и неправилните глаголи; бројни и небројни именки, степенување на придавките, показни и односни заменки, структури за сегашно трајно време и за идност, прилози и сегашно сложено време.
2.Слушање со разбирање: вокабулар поврзан со предмети, основни броеви и искажување цени, зборови поврзани со семејството и професии, користење на спротивни придавки, бокабулар за хоби и слободни активности, за домот,хомофони, колокации на именки со глаголи, предлози, празници, храна, места на живеење, облека, делови од тело, време, римување и брзозборки, придавки и прилози.
3.Зборување: се претставува себеси и своето семејство, користи комуникативни изрази за во кафе бар, правилно употребува заменки, искажува точно време, зборува за годишните времиња, дискутира за здрав начин на живот, разговара по телефон, опишува познати личности, дискутира за национални јадења, земји, изложува што сака или не, опишува чуства.
4.Читање: кратки текстови, поздравување, запознавање луѓе, место на живеење, датум за паметење, храна, изглед и животни искуства.
5.Пишување: едноставни содржини, да се опише себеси, краток e-mail и неформално писмо, дескриптивен состав, не многу сложена апликација за работа, правење резервација, пишување разгледница, пишување приказна
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 10 | 7 |
Пракса | 58 | 87 |
Оценување | 4 | 6 |
Вкупен број на часови | 72 |