Опис на програма
Целта на насавата по англиски јазик е да го оспособи учесникот да комуницира на англиски јазик во функција на понатамошното образование и кариера, да ги унапреди јазичните вештини, да обезбеди можности за самообразование земајќи ја предвид важноста на англискиот јазик за вработување и професинално напредување.
Процесот на учење на англискиот јазик се дели на одреден број на компоненти и тоа: слушање, зборување, читање, пишување, комуникативни модели, граматика, вокабулар и култура.
А2(осовно рамниште) зборува со повеќе самодоверба, води не многу сложена конверзација,пишувa и разбира едноставно напишан текст, разбира поширок круг на вокабулар.
1. Граматика: консолидирање на граматичките времиња; обработка на прашални форми со употреба на прашални зборови во формите за сегашно време; обработка на изрази за квантитет; членови, одреден и неодреден; глаголски структури со идни временски форми; компаративна и суперлативна форма кај придавките; обработка на сегашно сложено време и правилна употреба на неговите прилози; модални глаголи; временски реченици, условни реченици од прв тип; пасивни конструкции; условни реченици тип 2. 2. Слушање со разбирање: видови зборови; зборови со повеќе од едно значење; колокации; сврзувачки зборови; прилози; глаголи со спротивно значење; временски изрази; продавници; придавки со наставка од сегашен и минат партицип; синоними и антоними; професии; именки и придавки; изговор- акцентирање; фразални глаголи. 3. Зборување: користење на учтиви изрази; покажување интерес и изненадување; дискусија за живот во странство; раскажување приказна; зборување за цени и валути; купување и пазари; размена на информации за емотивна состојба; зборување за проблеми и давање совети; зборување за омилени работи кои се бесплатни; дискусија- имигрантите во твојот град; разговор- кратки одговори; интервју со позната музичка група; зборување за правила во семејството; дискусија- машки и женски професии; давање насоки; телефонски разговор; дискусија за пронајдоци кои го промениле светот; давање совет; животни одлуки; употреба на учтиви изрази. 4: Читање: запознавање; што понатаму; пазар; што сакаш да сториш; слава; места и нешта; за и против; дестинации; нешта кои го променија светот; хипотетички ситуации; да се стори најдоброто. 5: Пишување: опишување пријател; пишување на e-mail; пишување разгледница; пополнување на формулар; опис на место- мојот роден град; пишување биографија; пишување формални и неформални писма и/ или e- mail пораки; пишување есеј- предности и недостатоци на патување со воз; пишување критика за филм и / или книга; пишување говор; употреба на сврзници.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 10 | 7 |
Пракса | 58 | 87 |
Оценување | 4 | 6 |
Вкупен број на часови | 72 |