Опис на програма
Во четвртиот степен се читаат и преведуваат подолги и посложени текстови, се учат нови зборови, се прават дијалози и дискусии, се пишуваат формални и неформални писма или есеи. Се повторува граматиката преку вежби и се збогатува со следново: употреба на инфинитивот со to, употреба на герунд, модални глаголи за изразување обврска/ наредба/ забрана, условни реченици од 1 тип, присвојни заменки, условни реченици од 2 тип, Сегашен перфект со since и for, Пасив, модален глагол might, искажување движење, прекажан говор, и прашања без помошни глаголи.
Резултати од програма
Се усовршува и збогатува научената граматика, се учи нова граматика, како и се учи побогат и покомплексен вокабулар. По завршување на IV степен, учениците ќе можат слободно да говорат во минато, сегашно, и идно време со користење на посложени реченици и зборови.
Критериуми за влез во програмата
Завршено минимум основно образование.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 29 | 91 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 2 | 6 |
Вкупен број на часови | 32 |
0 STUDENTS ENROLLED