Опис на програма
Теми: интервју за работа, опис на личност, мода, повреди и болести, воздухопловство, белетристика, екологија, временски услови, и др.
Граматика: сите форми на сегашно, минато и идно време, компаратив и суперлатив, индиректни прашања, местоположба на придавки и прилози во реченица, редослед на придавки во реченица, условни реченици, и др.
Резултати од програма
(Mk) Со завршување на Б1/2 ниво слушателите ќе може да:
- се изразуваат со зголемен вокабулар, клучни зборови и фрази потребни за искажување на своето мислење во врска со голем број теми,
- бидат флуентни и со подобар изговор,
- користат напредна граматичка програма со повторување и утврдување на претходно научените граматички структури,
- ги разбираат главните точки на јасен и стандарден јазик на познати теми и ќе може да се справат со повеќе ситуации во кои може да се најдат за време на патување во области каде се зборува англискиот јазик,
- срочат кохерентен текст на повисоко ниво
- опишуваат искуства и настани и накусо да дадат причини и објасненија за дадените ставови и планови
Критериуми за влез во програмата
(Mk) Кандидатот треба да покаже знаење на јазикот на ниво Б2/1 според Заедничката европска рамка.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 54 | 90 |
Пракса | 2 | 3 |
Оценување | 4 | 7 |
Вкупен број на часови | 60 |
0 STUDENTS ENROLLED