Опис на програма
Часови по англиски јазик, кои се одржуваат двапати неделно. Секој час е по 90 минути. Професорите се родени говорители на англискиот јазик и едукатори по професија. Наставниот план и материјалите се приспособуваат на составот на групите и целите на курсот.
2 семестра (првиот од октомври до декември и вториот од февруари до мај). Секој семестар трае по 10 недели.
Резултати од програма
По завршувањето на секој семестар студентите се тестираат за оценување на постигнатото ниво на познавање на јазикот. На основа на завршниот тест, студентот се оценува и му се доделува сертификат.
Критериуми за влез во програмата
Ако кандидатот е апсолутен почетник, не се спроведува тестирање. За тие што учеле претходно, се практикува бесплатно тестирање пред почетокот на курсот за да се одреди степенот на познавање на јазикот и за програмата да се приспособи на составот на групата за овој курс.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 34 | 85 |
Пракса | 4 | 10 |
Оценување | 2 | 5 |
Вкупен број на часови | 40 |
0 STUDENTS ENROLLED