Опис на програма

Програмата е Модуларна и овозможува изучување и утврдување на степенот на познавање на англискиот јазик, според стандардите дефинирани со Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR). По завршување на обуката  учесникот се стекнува со компетенции по англиски јазик, и станува конкурентен на пазарот на трудот

Програмата нуди интерактивна обука  и пристап кој овозможува инвентивност и креативност при што се користи современа образовна технологија и методи и техники на обука  од искусни професори по англиски јазик, со цел ефикасно постигнување на целите.

Главната цел на Програмата  е ученисникот да се стекне со соодветно образовно ниво без разлика на возраста и предзнаењата. Во текот на реализација на програмата се врши формативно и сумативно оценување при што се дава конструктивна повратна информација за напредокот и можностите за подобрување.

Со програмата е предвиден стандарден модел на евалуација на компетенциите  кај учесниците, што ќе води до сертификат за општо познавање на англискиот јазик по стандардите дефинирани со (CEFR).

Изучувањето може да се избере по Модули: почетно ниво А1, основно ниво А2, средно ниво B1, високо средно ниво B2, напредно ниво C1, и искусно ниво C2, според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR).

Во модулите пооделно се разработени целите, знаењата и компетенциите по завршувањето на секој модул, соодветно  на нивото кое учесникот го избрал.

По успешното завршување на модулот и/или избраните модули учесникот добива  Сертификат за соодветното ниво според стандардите на европската референтна рамка за јазици (CEFR).

Сертификацијата овозможува учесниците да можат да продолжат да го надоградуваат своето познавање на англискиот јазик, но и да бидат конкурентни на пазарот на трудот по веќе утврден стандард.

Резултати од програма

Во секој од избраните модули (избранато ниво) од програмата резултатите произлегуваат од целите кои се претходно дефинирани со програмата: A1 – Учесникот по успешно завршување на овој модул ќе разбира и употребува секојдневни искази и основни фрази со цел да задоволи одредени потреби, како и да се претстави себеси и да дознава лични информации за другите, со ограничен вокабулар и со спора комуникација. A2 – По завршување на овој модул учесникот разбира и употребува проширени реченици и искази поврзани со теми од непосреден интерес, како основни информации за себе и семејството, купување, опис на место на живеење, опишување на професии, основни лични податоци, животната средина, и сл. B1 – Учесникот по завршување на овој модул разбира  и информира за познати теми со кои се среќава на работа, училиште, во слободно време, да се справи со разни ситуации при патување во земји од англиско говорно подрачје, да дискутира за  теми од личен интерес, да опишуваат настани, искажува свои мислења и визии. B2 – Учесникот по завршувањето на  овој модул разбира текстови на конкретни и апстрактни теми, како и да води дискусии во рамките на одредена тема од дадена професија, да ги образложува предностите и недостатоците и искажува своите  различни ставови и мислења. C1 – Учесникот по завршување на овој модул разбира широк спектар на комплексни текстови, да се изразува течно без барање на зборови и изрази, ќе може да продуцира јасни, добро структуирани, детални текстови на комплексни теми, со контролирана употреба на организациска структура, како и техники за кохезивно изразување. C2 –  Учесникот по завршување на овој модул разбира  сè што ќе слушне или прочита на англиски јазик, ќе има развиена способноста за синтетизирање на информации од различни говорни и пишани извори, како и за реконструирање на аргументи и наративни искази во одредена кохерентна претстава.. Целите и резултатите од програмата ќе бидат дадени со исказите во сертификатот, и презентирани на македонски јазик, со што сертификатот станува конкурентен на пазарот на трудот, во земјава но и во странство. Истиот сертификат служи како доказ за степенот на познавање на англискиот јазик според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) пред надлежните институции.

Критериуми за влез во програмата

учесниците во програмата се на возраст најмалку 15 години Се врши тест и интервју за определување на соодветното нивото на познавање на англискиот јазик на учесниците според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR). Со тестот се врши проверка на лексичките и граматичките знаења, додека пак со интервјуто, кое го прави квалификуван професор со искуство, се определува нивото на познавање на англискиот јазик на кандидатот: А1, А2, B1, B2, C1, C2.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 20
Пракса 105 60
Оценување 15 10
Вкупен број на часови 150
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support