Опис на програма
Курсот по англиски јазик за возрасни слушатели се состои од 8 основни нивоа одредени според Европската референтна рамка и одговараат на нивоата од А1 до Б2 и два професионални степени кои одговараат на Ц1 и Ц2 нивоа. Курсевите ги опфаќаат слушателите кои се во категорија возрасни, со цел да прионесе за јакнење на сеопфатен и нтегриран систем за доживотно учење. Во рамките на доживотното учење, образованието на возрасни има за цел подигање на нивото на образование и развивање на основните вештини кај возрасните слушатели при изучување на англискиот јазик како странски јазик било тоа да е од сопствени, лични причини и желби или со цел да се зголемат шанските за вработување и социјално вклучување. Наставата е прилагодена за возрасните слушатели и соржи внимателно избрани и концизни тематски единици од секојдневните животни ситуации поелени на неколку делови. Акцент се става на граматиката посебно при првите степени на јазикот, фондот на зборови, вокабуларот, слушањето, пишувањето, слушањето и зборувањето како четири основни вештини за учење на јазик. Во програмите за возрасни вклучен е и практичен дел, практичен англиски кој се спроведува после завршената тематска единица. Со ова се добива брз и ефикасен резулата за помнење на јазичните единици со цел слушателот што поскоро да почне да го користи јазикот и без проблем и тешкотии да може да се снаоѓа во дадени ситуации или средини.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 25 | 50 |
Пракса | 15 | 30 |
Оценување | 10 | 20 |
Вкупен број на часови | 50 |