Опис на програма
Целта на курсот CPE е подготовка на слушателите за полагање на испитот Cambridge CPE кој е меѓународно признаен испит. Во текот на курсот се проширува и утврдува веќе стекнатото знаење од претходните степени, но и се воведуваат специфични техники кои самиот испит ги бара:
- читање
- пишување
- зборување
- слушање
Резултати од програма
По завршување на програмата слушателот ќе биде запознаен со формата на испитот. Курсот овозможува слушателите да ги подобрат и совладаат следните вештини:
- слушање со разбирање
- читање текстови со разбирање
- совладување на соодветните граматички структури и вокабулар
- пишување есеи, извештаи и рецензии (критички осврти)
- ефикасна комуникација на високо ниво на зададени теми
- граматичка прецизност во писмениот и устен израз на ниво на образован говорник на англискиот јазик
Критериуми за влез во програмата
Познавање на англискиот јазик најмалку на ниво Ц1.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 60 | 88 |
Пракса | 2 | 3 |
Оценување | 6 | 9 |
Вкупен број на часови | 68 |
0 STUDENTS ENROLLED