Опис на програма
Програмата за подготовка на асистенти за нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености има за цел да ги оспособи учесниците во програмата за давање на помош и поддршка на корисниците на услугите, со цел истите да постигнат свои лични достигнувања, односно самореализација, соглано нивните потреби и можности.
Услугата асистенција на лица со деменција и интелектуални попречености е услуга од социјална заштита, која на корисниците треба да им обезбеди здравствена и социјална поддршка во развивање или одржување на нивните лични способности и вештини.
Услугата треба да биде прилагодена на потребите на корисникот, кој заедно со тимот, членовите на неговото семејство и асистентот, одлучуваат кои активности треба да се преземат, со кој интензитет и во кој временски рок, за да му се овозможи поголема самореаилзација и што подолга независност во задоволувањето на секојдневните потреби.
Програмата опафаќа стручно теоретски содржини во траење од 90 часа, кои ќе се реализираат во училница/ кабинет и 180 часа практична настава, кои ќе се реализираат во установи кои згрижуваат лица со интелектуална попреченост и установи кои згрижуваат лица со деменција – алцхајмерова болест.
Програмата треба да ги оспособи учесниците за извршување на работните задачи на асистент за нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености, на три нивоа:
- хигиенско – здравствени;
- воспитно – образовни;
- просторно – технички.
Преку повеќе тематски целини, учесниците во програмата ќе се оспособат да ја планираат подготвуваат и организираат својата работа како во домот на корисникот, така и во институции/установи кои згрижуваат корисници со демеција – алцхајмериова болест и интелектуални попречености.
Задачите ќе ги изведуваат во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености, како и со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега на овие лица.
Учесникот ќе се подготви за психолошка и социјална поддршка на корисниците на услугите, за поддршка во секојдневните активности и да дава помош и нега во домашни услови. Учесникот ќе научи да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелнина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината.
Резултати од програма
- Применува знаења за лицата со деменција и интелектуални попречености;
- Дава поддршка на корисниците при користење на здравствени и социјални услуги;
- Дава поддршка во остварување на социјалните активности и културно забавниот живот на корисникот;
- Помага во одржување на личната хигиена и асистира при секојдневни активности на корисникот;
- Асистира и обезбедува продукти за потребите на корисникот;
- Се грижи за здрава исхрана, согласно потребите на корисникот;
- Применува методи и техники за местење на кревет и менување на постелнина;
- Врши планирање и набавка на средства за хигиена, чистење и дезинфекција според потребите на лицето и инструкциите од стручните лица;
- Асистира и одржува хигиена во домот;
- Пополнува дневни извештаи за работата со лицето и неговата здравствена состојба според барањата на стручните лица:
- Постапува согласно планот за работа со корисникот и учестува во негово креирање и евалуациаја;
- Прати промени во способностите и потребите на корисникот и постапува согласно настанатите промени во истите;
- Правилно води евиденција и документација;
- Постапува соодветно при потреба од итна помош и нега на корисникот;
- Постапува соодветно при акутни повреди и животно-загрижувачки ситуации кај корисникот;
- Помага при безбедно пристигнување до одредено место/ установа;
- Помага за безбедно движење на корисникот;
- Поттикнува одржување и подобрување на мобилноста на лицата со деменција и интелектуални попречености
- Обезбедува соодветна комуникација со корисниците, семејствата на корисниците и со членовите на тимот во согласност со организациската поставеност и професионална етика;
- Познава човекови права, анти-дискриминација, родова еднаквост и хендикеп;
- Објаснива основни принципи на деменција-алцхајемрова деменција и интелектуални попречености;
- Информира стручни лица за симтомите, состојбите и промените кај лицата со деменција и интелектуални попречености;
- Користи медицински помагала и апарати за мерење на крвен притисок, пулс и температура придржувајќи се на основните медицински правила за нивна употреба;
- Препознава основни симптоми и знаци на болести кај лицата со деменција и интелектуални попречесности;
- Идентификува потреби кај лицата со деменција и интелектуални попречености;
- Развива емпатија и емоционална подршка;
- Идентификува стрес, траума и кризна состојба;
- Спроведува психосоцијална помош и поддршка;
- Презема активности на вклучување на лицата со деменција и интелектуални попречености во општествениот живот;
- Поттикнува автономност на лицата со деменција и интелектуални попречености;
- Презема социјални активности согласно морални и етички принципи;
- Препознава пречки во комуникација и изнаоѓа можности за нивно надминување - конфликт како пречка во комуникација;
- Прилагодува комуникација кај лица со деменција и интелектуални попречености;
- Познава установи за социјална заштита на лица со деменција и интелектуални попречености и услуги кои ги нудат;
- Познава закон за социјална заштита во Република Македонија посебно делот на лицата со деменции и интелктуални попречености;
- Идентификува форми на злоупотреба и социјална заштита на семејството и остварувањето на правата на лицата со деменција и интелектуални попречености
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 90 | 30 |
Пракса | 180 | 60 |
Оценување | 30 | 10 |
Вкупен број на часови | 300 |
Course Reviews
No Reviews found for this course.