Опис на програма

  • Оваа програма обезбедува на учесниците Безбедно управување со трактор и приклучна механизација преку стекнување на знаења, вештини и компетенции за ракување и управување со трактор и други приклучни земјоделски машини.
  • Оваа програма ќе овозможи кандидатите да ги користат  сообраќајните знаци и  прописи за безбедно возење, управување на трактор и други приклучни земјоделски машини, да ги препознаваат опасностите при управување со  трактор и други приклучни земјоделски машини. Во теоретскиот дел од обуката кандидатите исто така ќе се обучат за видовите опрема за лична заштита како и поттикнување на потребата и свеста за нивно задолжително користење. Теоретската обука се изведува интерактивно преку примена на повеќе методи и техники и образовна технологија. Покрај теоретските знаења кандидатите ќе добијат практична обука за вешто и безбедно возење на тракторот и приклучните делови. Практичната обука се состои од активности спроведени од самите учесници под надзор на наставникот – инструктор.  Вежбите ќе се спроведуваат  преку симулации и практична обука за  возење. Програмата се состои од вкупно 50 часа распоредени за  теорија, практична обука и евалуација на стекнатите вештини. Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување на теоретскиот и практичниот дел преку проверување на знаењата со тест и полагање практичен дел – возење на трактор со и без приклучна механизација на различни теренски услови. По успешно завршена обука учесниците ќе се стекнат со сертификат „Безбедно управување на трактор и приклучна механизација“.

Резултати од програма

По завршување на обуката учесникот е способен да:
  • Почитува прописи и правила за безбедно управување со трактор и други приклучни земјоделски машини
  • Безбедно ракува со трактор и други приклучни земјоделски машини
  • Почитува правила од сообраќајна култура
  • Безбедно го паркира тракторот по завршената работа
  • Ги почитува сообраќајните знаци при управување со трактор
  • Обезбедува сигурно приклучување и исклучување на приклучни машини на тракторот
  • Идентификува видови на приклучни машини на трактор
  • Применува соодветна опрема за лична заштита
  • Навремено открива дефекти при работа на трактор

Критериуми за влез во програмата

Учесниците во програмата се лица  со  завршено најмалку основно образование,  стекната дозвола за  национална категорија  „Ф“ или да знаат да управуваат со трактор. Пожелно е кандидатите да имаат завршено средно образование.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 20
Пракса 35 70
Оценување 5 10
Вкупен број на часови 50
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support