Опис на програма

Sorry, the content of this page is available only in %LANG. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи во занимањето Бравар.
Програмата за Бравар е во времетрање од 3 месеци.
Програмата се состои од 182 часови, се реализира преку теоретски дел од 37 часови, практичен дел 129 часови и 16 часови за оценување и самоевалуација.
Теоретската настава се реализира во училница со современи наставни помагала со кој учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.
Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата, како и практична примена на опремата, машините, апаратите, уредите и алатите за извршување на работата од занимањето бравар, во уреден работилнички простор за таа цел, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на опремата, машините, апаратите, уредите и алатите кои се користат.
Оценувањето на добиените компетенции, знаења и вештини на учесниците во програмата се реализира преку одржување на испит. Испитот се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука.
Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите знаења од управување, ракување и одржување на опремата, машините, апаратите, уредите и алатите кои се користат за извршување на работата од занимањето Бравар во уреден работилнички простор за таа цел.
Програма ја спроведува тим на искусни инжинери од дадената област на машинството, електротехниката и квалификувани бравари со минимум пет години работно искуство.
По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции, вештини и знаења за извршување на работата од занимањето Бравар.
По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за занимањето Бравар.

Резултати од програма

(English) По завршувањето на програмата учесникот стекнува знаења, квалификации, вештини и ќе биде способен да: - го планира, подготвува работниот простор, предметот за работа и средствата за работа во согласност со работниот налог и барањата на изготвената и одобрена технолошка документација, - го одредува редослед на операции за монтажа на елеметите во склопови и технички целини, - ги користи мерните и контролните инструменти, - го планира, подготвува, извршува и проверува квалитетот на извршените работи, рационалното користење на средствата за работа, енергијата, материјалите и времето, - ги препознава и чита од техничките цртежи и технолошката документација, - поседува основна информатичка писменост, - ракува со соодветни машини и поставува соодветни алати за различни обработки, - извршува монтажа на елеметите во склопови и технички целини, - извршува монтажа на метални конструкции и производи на место на експлоатација, градежни објекти и сл., - ги знае основните начини на мерење, сечење, режење и механичката обработка на материјалите, кои се користат при изработка на метални конструкции и метални занаетчиски производи, - ги знае основите на електротехниката, основите на металургијата на заварување, начините на заварување, - ги подготвува и врши проверка на исправноста на машините, опремата, апаратите,уредите и алатите за работа, - ги познава постапките за евидентирање и документирање податоците потребни за опремата, машините, апаратите, уредите, работни налози, извештаи, пријава за дефект, евиденција на добиени и потрошени материјали, - ги евидентира податоците потребни за машините и опремата, евидентира прегледи на машините и уредите, - ги одржува машините, опремата, апаратите, уредите и алатите за работа во исправна состојба, - ги следи упатствата за сервисирање и да ги почитува термините според упатството, - комуницира со клиентите на професионално ниво, - комуницира со колегите кои работат во заедничката група, - применува деловна култура и основи на работната етика и морал, - се грижи за постигнување на стандардите и квалитетот на работите, - применува постапки за укажување прва помош, - ги применува прописите за заштита на работната и животната средина и усогласување со нив, - ги применува процедурите за ракување, складирање и отстранување на загадувачите на работната и животната средина, - ги презема мерките за заштита од влијанието на опасните гасови, отрови, пари и високозапаливите супстанции.

Критериуми за влез во програмата

(English) Учесниците во програмата да имаат завршено најмалку средно образование.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 37 20
Пракса 129 71
Оценување 16 9
Вкупен број на часови 182
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support