Опис на програма

После завршување на обуката,  учесникот ќе биде способен :

  • успешнo и целно-ориентиранo да комуницира (ги познава основните поими, модели и техники во комуникацијата, употребува соодветни модели согласно контекстот и учесниците во комуникацијата, подготвува презентација во траење од 5 минути)
  • да оствари конструктивен пристап кон конфликтот и со помош на преговарање да стигне до функционален договор,
  • да соработува со минимум едно лице со цел да ги идентификуваат главните улоги во активноста, да ја истражат сопствената улога и задачите и како се тие поврзани со другите лица, да ја организира и спроведува својата улога, проактивно насочувајќи се кон можните начини на соработка и поддршка на другите за постигнување на заедничката цел.

По завршувањето на програмата, во зависност од тоа кој тематски целини ги избрал, учесникот ќе се стекне со еден од следниве сертификати за стекнати вештини:

  • сертификат за стекнати вештини во комуникација
  • сертификат за стекнати вештини во преговарање
  • сертификат за стекнати вештини за работа во тим
  • сертификат за стекнати вештини во комуникација и преговарање
  • сертификат за стекнати вештини во комуникација и работа во тим
  • сертификат за стекнати вештини во преговарање и работа во тим
  • сертификат за стекнати вештини во комуникација, преговарање и работа во тим

Oваа програма е во вкупно траење од 100 часови. Тематските целини се изборни, учесникот може да избере1, 2 или сите 3 и согласно да се стекне со еден од горенаведените сертификати.

Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со вештините за комуникација, преговарање и работа во тим.

Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасно поставени критериуми

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  1. Успешно и целно-ориентирано да комуницира:
  • Ги познава основните поими, модели и техники во комуникацијата,
  • Употребува соодветни модели согласно контекстот и учесниците во комуникацијата
  • Подготвува презентација во траење од 5 минути
 
  1. Конструктивно да пристапува кон конфликтот и со помош на преговарање да стигне до функционален договор
Соработува со минимум едно лице, да ги идентификуваат главните улоги во активноста, да ја истражи сопствената улога и задачи и како се тие поврзани со другите, да ја организира и спроведува својата улога, проактивно насочувајќи се кон можните начини на соработка и поддршка на другите за постигнување на заедничката цел.

Критериуми за влез во програмата

Наполнети 18 години завршено средно образование

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 50
Пракса 40 40
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support