Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетентност за примена на основните техники за лидерство и јавен говор. Програмата опфаќа теоретски дел и практичен дел. Во теоретскиот дел се опишани најважните делови поврзани со истакнување на знаења од областа на лидерство, уметноста на јавното и неформалното говорење и јавниот говор. Во практичниот дел, се очекува од учесниците во групи да вежбат и да управуват со групата, како начин  каде тие ќе ги покажат научените вештини од теоретскиот дел.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку усна и практична проверка на знаење на општи техники и дефиниции за лидерстово и јавно говорење (согласно тоа што денешните автори констатират дека лидерството е област која може да се учи и осовршува со труд) со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетентноста. Целта е да се потврди дека од страна на учесниците се усвоени поголемиот дел од предаваниот материјал и способноста да ги имплементираат и демонстрираат стекнатите вештини.

По завршување на обуката учесникот ќе се стекне со сертификат за „Лидерство и јавен говор”.

Во програмата може да се вклучат кандидати со завршено минимум средно образование. Времетраењето на програмата 250 часа.

Кандидатите по завршувањето на програмата ќе се стекнат со квалификациите потребни за водење на тим, јавно говорење и правилна комуникација.

Резултати од програма

  • Стекнува вештини на вистински лидер и демонстрира техники на уметност на говор
  • Стекнува вештини за планирање на работни активности
  • Стекнува комуникациски вештини за професионално комуницирање со други институции
  • Вештина да конструира мотивациски говор
  • Вештина да презема одговорност и да знае со што да експериментира а со што не.
  • Вештина да организира тим односно организација
  • Препознава телесен говор и ја проценува важноста на говорот
  • Применува вештина за обезбедување на повратни информации
Вештини за вмрежување и градење на односи

Критериуми за влез во програмата

Учесникот мора да има минимум завршено средно образование. Пожелно ниво на образование: Завршен прв циклус на студии. (Дипломски)  VII-1

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 90 36
Пракса 145 58
Оценување 15 6
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support