Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Програмата ќе се реализира преку следниве модули (заеднички и технички):

(теорија+пракса+оценување):

1.     Планирање, подготовка и организирање на работно место ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 45 мин. оценување  )

2.     Административно комерцијални работи ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 45 мин. оценување)

3.     Комуникација ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 45 мин. оценување  )

4.     Заштита на работата, здравјето и околината ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 45 мин. оценување)

5.     Обезбедување и осигурување на квалитет ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 90 мин. оценување)

6.     Одржување и поправка ( 8  час. теорија + 8  час. пракса + 90 мин. оценување)

 

Технички модули (теорија+пракса+оценување):

1.     Технологија на ТИГ заварување (16  час. теорија + 128  час. пракса + 150 мин. оценување)

2.     Технологија на МИГ/МАГ заварување (16  час. теорија + 128  час. пракса + 150 мин. оценување)

3.     Поставување и поврзување гасни водови и уреди (16  час. теорија + 128  час. пракса + 150 мин. оценување)

4.     Монтажа на гасоводни енергетски потрошувачи (16  час. теорија + 128  час. пракса + 150 мин. оценување)

 

Времетраењето на програмата е 672 часа од кои 112 часа теоретска обука, 560 часа се практична обука и 16 часа оценување, односно 104 часа за заедничките модули и 586 часа за техничките модули.

Обуката се организира и реализира во училниците и работилниците  на училиштето.

При разработката  на теоретскиот дел се води сметка за индивидуалните можности и способности на кандидатите. Теоретскиот дел се реализира преку активни методи. Училницата е опремена со табла, видео бим потребните наставни средства и нагледни материјали за демонстрација.

Вештините потребни за занимањето се постигнуваат преку планирани практични вежби во училишната работилница.

Вежбите за практична обука се осмислени така  да имаат последователност, условеност и корелација со сознанијата кои кандидатите ќе ги стекнат со стручната теорија.

Кандидатот има свое работно место. Опремата одговара на потребите за стекнување на поставените цели за да се добијат бараните компетенции.

Кандидатите за време на обуката континуирано се следат во постигањето на целите од страна на обучувачите преку писмена и практична проверка. Резултатите од проверките се евидентираат во соодветни листи за вреднување за секој кандидат.

 

 

По успешното завршување на сите модули кандидатот успешно ја завршил обуката и се стекнува со сертификат Гасомонтер – заварувач.

Вреднувањето на стекнатите компетенции се врши во три нивоа: високо, средно и ниско кое се внесува во листите за вреднувањето се врши во текот на целата обука и за секоја тематска целина поодделно.

Учесникот во обуката што ќе ги помине сите заеднички модули и сите технички модули ќе се стекне со сертификат за Гасомонтер – заварувач

Учесникот во обуката што ќе ги помине заедничките модули и еден од техничките модули, во зависност од техничкиот модул, ќе се стекне со еден од следните парцијални сертификати:

·         Заварувач на гасовод со МИГ/МАГ (заеднички задолжителни  + технички модул 1)

·         Заварувач на гасовод со ТИГ (заеднички задолжителни  + технички модул 2)

·         Монтер на гасовод (заеднички задолжителни  + технички модул 3)

·         Монтер на гасоводни потрошувачи (заеднички задолжителни  + технички модул 4)

Резултати од програма

No results found !

Критериуми за влез во програмата

No critiria found !

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 112 16
Пракса 560 81
Оценување 16 3
Вкупен број на часови 672
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support