Опис на програма
Курсот е наменет за возрасни слушатели кои за прв пат го изучуваат германскиот јазик без предзнаење. Тој ќе им помогне да разбираат и употребуваат секојдневни изрази и основни фрази.
Теми: поздрави, лични податоци, земји, јзици, семејство, броеви, цени, единици мерки, бои, мебел, час, денови во неделата, час, секојдневни активности, слободно време и видови хоби и др.
Граматика: сегашно време, лични заменки, присвојни заменки, определен, неопределен и негативен член кај именките, глаголи со делив префикс, номинатив, акузатив, предлози за денови во неделата, делови од денот, час, модални глаголи, минато време и др.
Слушателот ќе може да се претстави себеси и другите, да поставува и одговара на прашања од личниот живот и да учествува во едноставна конверзација, кога соговорникот зборува јасно и бавно.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 88 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 3 | 9 |
Вкупен број на часови | 34 |