Опис на програма
Теми: семејство и членови на семејството, форми на живеење, храна и оброци, садови и прибор за јадење, во ресторан, работа и слободно време, спорт и здравје, видови училишта и школскиот систем во Германија, училишни предмети, образование, обука и професии, подароци, свадба, прослави
Граматика: сврзници, минато време со деливи и неделиви глаголи, предлози со променлив падеж, повратни глаголи, глаголи со предлог, минато време од модални глаголи, датив и др.
Резултати од програма
На крајот на курсот се очекува слушателите да разбираат и да користат основен германски јазик од областа на секојдневниот живот, да може да учествуваат во едноставна и директна размена на информации во врска со нивното потекло, семејство, непосредната околина, работа. Можат да напишат едноставни неформални писма. Слушателите ќе користат сегашно и минато време. Ќе се изразуваат со едноставни реченици и ќе можат да се снајдат во различни практични секојдневни ситуации.
Критериуми за влез во програмата
Курсот е наменет за слушатели кои завршиле степен А1/2 во претходниот семестар, или го покажале тоа ниво на нашиот испит за одредување степени.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 88 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 3 | 9 |
Вкупен број на часови | 34 |
0 STUDENTS ENROLLED