Опис на програма
Курсот е наменет за возрасни слушатели кои имаат предзнаење од трет степен или со тестирање покажуваат соодветно знаење за четврти степен. Тој ќе им помогне да разбираат и често да користат изрази кои се однесуваат на области од непосредна важност.
Теми: Викенд активности, моите омилени предмети, комуникација и професија, вести на радио околу сообраќајот и времето, планирање патување, желби и соништа
Граматика: Конјунктив 2, сврзници, придавска деклинација, образување на придавки, пасив, образување именки, препозиции за место, за време, индиректни прашања, глаголот „остава“
Резултати од програма
На крајот на курсот се очекува слушателите да комуницираат на средно пониско ниво на германски јазик и да се изразуваат едноставно со точна употреба на основните времиња во германскиот јазик. Можат да напишат едноставни формални и неформални писма. Слушателите ќе користат сегашно, идно и минато време. Се очекува да научат приближно околу 1800 зборови и фрази, кои често се употребуваат и да се снајдат во секојдневни практични ситуации.
Критериуми за влез во програмата
Курсот е наменет за слушатели кои завршиле степен А2/1 во претходниот семестар, или го покажале тоа ниво на нашиот испит за одредување степени
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 88 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 3 | 9 |
Вкупен број на часови | 34 |
0 STUDENTS ENROLLED