Опис на програма
Теми: слободно време, игри без граници, доживотно учење, совети за успешно учење, желби и претстави за кариера, необични занимања, форми на заедничко живеење, среќа, љубов.
Граматика: се повторуваат и утврдуваат повеќето граматички единици, како компаратив и суперлатив, каузални, концесивни и консекутивни реченици, инфинитив со zu и без zu, форми за идно време, рефлексивни глаголи, односни реченици, втор коњуктив.
Резултати од програма
(Mk) - Се подобрува способноста за слушање и разбирање на аудио-материјали предвидени со испитот Б1.
- Се подобрува флуентноста и точноста во изразувањето за теми и симулирани ситуации според форматот на испитот Б1.
- Кандидатите ќе можат да напишат конкретни видови на текстуални формати содржани во опусот на испитот.
-Се зголемува брзината на читање и разбирање на текстови опфатени во испитот Б1.
Критериуми за влез во програмата
(Mk) Кандидатот треба да го владее јазикот на солидно Б1+/1 ниво, кое понатаму на овој степен се надградува до потребното ниво.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 88 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 3 | 9 |
Вкупен број на часови | 34 |
0 STUDENTS ENROLLED