Опис на програма
– Целта на курсот Б2/3 е комплетирање на нивото Б2 и подготовка на слушателите за полагање на испитот Goethe – Zertifikat B2, кој е меѓународно признаен испит. Во текот на курсот се довршува целото ниво Б2, се проширува и утврдува веќе стекнатото знаење од претходните степени, но и се воведуваат специфични техники кои самиот испит ги бара:
- читање
- пишување
- зборување
- слушање
– Теми: изразување чувства: музиката како терапија, значењето и моќта на боите, чувствување на странскиот јазик како мајчин, стравот и други чувства, германски поети; поглед кон иднината: техника и роботи, професии на иднината, образованието, текот на работниот ден, сообраќајот и медицината во иднината, поднесување писмена жалба, анализа на интервју и дискусии за можни сценарија на нашата иднина, веќе разработувани во книги и филмови.
– Граматика: глаголски именки, модални честички, партиципи и сврзници, зависни од падежи.
Резултати од програма
- слушање со разбирање
- читање текстови со разбирање
- совладување соодветни граматички структури и вокабулар
- пишување есеи, формални и неформални писма, извештаи и новинарски написи во коишто умеат да го разработат веќе даденото мислење и да искажат свое
- зборување на зададена тема, негирање или прифаќање на веќе постоечките ставови со аргументирање на своите ставови и искази.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 30 | 88 |
Пракса | 1 | 3 |
Оценување | 3 | 9 |
Вкупен број на часови | 34 |