Опис на програма

Курсот по германски јазик е насочен кон стручно оспособување на кандидатите за работата и животот во С.Р. Германија. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: комуницира нормално и во одредени рамки стручно за работата, секојдневните ситуации како на пример запознавање, претставување, посета на лекар, користење на јавен превоз, ориентирање, купување во супермаркет, оброк во ресторан, договарање состанок, барање живеалиште, комуницирање, соработување во тим, пријавување во државни органи итн. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот. Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства.

Оценувањето на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целата обука, усно и писмено. После секој 8 час се врши писмена проверка, а на последниот час се прави завршен испит.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за успешно завршен специјализиран курс по германски јазик.

Времетраењето на програмата е 48 наставни часа.

Учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и ќе биде оспособен да:

  • познава организација на своето работно место,
  • применува санитарно – технички норми,
  • избира, употребува и одржува одреден алат и прибор за работа,
  • применува начини на одржување на лична хигиена и хигиена  на простор, алат и прибор за работа,
  • комуницира со клиенти применувајќи принципи на работна култура,
  • подготвува работно место,
  • развива претприемачките вештини
  • применува мерки за заштита на работната  и животната средина,
  • развива одговорност при работа во тим и интерес за доживотно учење.

 

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • организира активности за лична подготовка и подготовка на работното место • создава хигиено-технички услови за работа • применува работна култура во комуникација со клиенти и соработници, • применува норми на работна етика • се снаоѓа во секојдневни ситуации • живее нормално без јазични бариери • се интегрира во општеството

Критериуми за влез во програмата

Учесници во програмата можат да бидат лица кои: • имаат завршено најмалку основно образование; • се на возраст над 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 42 84
Пракса 2 4
Оценување 6 12
Вкупен број на часови 50
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support