Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување за занимањето Гипсер-монтер сува градба и истата е со тромесечно времетраење, односно 350 часа.Таа опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница /кабинет и се во функција на практичната обука која пак се реализира преку практични вежби од областа на работата со гипсени плочи и нивна монтажа,доработкаи завршна обработка во работилница и на терен. Стручно теоретските содржини опфаќаат содржини од мерење и контрола, планирање и организирање на работата, изработка на спецификација и калкулација на цена на чинење на изведбените работи.
Практичната обука овозможува учесникот да се стекне со вештини на читање на техничка документација, избор на алат, прибор и машини, организирање на монтажа на потребнитеконструкции,монтирање, спојување и завршна обработка, активности кои ќе се реализираат преку работа во реални услови.
Во текот на обуката се врши формативно оценување во текот на реализација на содржините од тематските целини и сумативнооценување по завршување на тематската целина.
Позавршувањенапрограматаучесникотполага завршен испит. Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат Гипсер-монтер на сува градба
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 20 | 20 |
Пракса | 245 | 70 |
Оценување | 35 | 10 |
Вкупен број на часови | 350 |