Опис на програма
Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и истата е со тримесечно времетраење, 320 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во кујни во ресторани и хотели. По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја подготвува и ја организира сопствената работа, да ја подготвува работната документација, да комуницира со соработниците, применувајќи ги принципите на работна етика, да ја користи пропишаната работна облека, да ги составува листата на јадења и менијата за редовните оброци и да приготвува прехранбени продукти за финализирање на различните видови готварски производи, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови и фондови, јадења од месо, риби, прилози, вегетаријански и национални јадења, салати, да ги сервира, декорира и ги испорачува јадењата во соодветни садови, да ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да ги познава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис. По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. За успешно завршување учесникот се стекнува со сертификат по верифицирана програма.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 60 | 20 |
Пракса | 230 | 70 |
Оценување | 30 | 10 |
Вкупен број на часови | 320 |