Опис на програма

Програмата Готвач гастроном –  е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на гастрономијата поточно од областа на готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе бидат во насока на помагање на кандидатите во зголемување на конкурентноста на пазарот на трудот, зголемување на можностите за вработување. Кандидатите ќе се оспособат за вклучување во организацијата на работата во кујната и за реализација на разни начини и техники на приготвување на храната.
Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно излагање, дискусија), визуелни (демонстрација), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана теоретска и практична активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се неопходни за реализација на содржината на наставната програма во која спаѓаат опрема, апарати, инвентар и материјали.
Оценувањето на постигнувањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата во текот на целата обука преку усно-излагање, писмени-тестови на знаења на определени тематски целини и практични вежби каде што кандидатите ќе ги презентираат своите техники и вештини на готвење.
Структурата на програмата за Готвач – Гастроном е следна:

  • стручно-теоретски дел,
    • практична работа и
    • оценување и проверка на постигнувањата на кандидатите (завршен испит).

Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутер, интернет, ТВ, друга аудио и видео опрема. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставници со завршени студии по туризам и угостителство
2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во просториите на институцијата за образование на возрасните и/или во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професорите од институцијата за образование на возрасните и/или професори ментори или готвач со повеќегодишно работно искуство.
3. Третиот дел од програмата за “Готвач – Гастроном” е оценувањето и проверка на постигнувањата на кандидатите или завршниот испит кој ќе се реализира во два дела – првиот теоретски знаења (писмен тест), вториот практични знаења (практична изведба на одредени јадења)
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за Готвач – Гастроном.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

Возраст минимум 18 години Минимум завршено основно образование

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 55
No instructions found !
Пракса 125
No instructions found !
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 180
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support