Опис на програма
Програмата за работно оспособување за самостојно извршување на работи и работни задачи Декоративен маникир/педикир во козматички салон за маникир/педикир или да се самовработи отварајќи сопствен бизнис. Програмата опфаќа стручно теоретски содржини со вежби кои се реализираат во училницa/кабинет, и истите се во функција на практичната обука која се реализира во салон. Програмата е со тримесечно времетраење, односно 270 часа. Стручно теоретските содржини ги реализираат наставници Д-р специјалист дрматолог, наставник по претприемништво и бизнис, Менаџер по кадровски менаџмент, со искуство на реализација на обуки со возрасни. Практичната настава се реализира во козметички салони кај реномирани Козметичари – Мајстори на својот знает. При реализација на обуката се користат современи форми и методи, преку презентација, дискусии, и практични изведби со што кандидатите со успех ќе можат ефикасно да се оспособат за занимањето. Во текот на реализација на обуката се врши проверување на постигнувањата преку усно поставени прашања и писмено со тест прашања и оценување на практичната работа. Оценувањето е во функција на помош и соработка на сите оние кои имаат потешкотии во постигнување на очекуваните резултати. По завршување на програмата учесникот полага завршен испит со што се стекнува со Сертификат за самостојно изведување на работи и работни задачи Декоративен Маникир/Педикир по верифицирана програма и ќе можа да работи во козметички салон или да се самовработи со отварање на сопствен бизнис. .
Програмата дава можност за натамошно вертикално напредување во занимањето
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 18 | 18 |
Пракса | 74 | 74 |
Оценување | 8 | 8 |
Вкупен број на часови | 270 |