Опис на програма
Програмата за работно оспособување за самостојно извршување на работи и работни задачи Декоративен маникир/педикир опфаќа стручно теоретски содржини со вежби кои се реализираат во училницa/кабинет, и истите се во функција на практичната обука која се реализира во салон. Програмата е со тримесечно времетраење, односно 270 часа.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи за самостојно планирање и организирање на работатаи работните задачи, да работи во тим за изведување на различни техники на маникир-педикир, обликување на нокти на раце и нозе, декорација и разни техники на надградба на нокти, нега на стапала, нега на нокти на нозете, да користи професионални апарати и препарати, да применува хигиенотехнички мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, да комуницира со клиенти и деловни партнери и води контрола на извршените услуги, да познава првата и обврските од работен однос, отварање и водење на сопставен бизнис.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит, со што се стекнува со сертификат за Декоративен Маникир/Педикир по верифицирана програма и може да напредува на повисоко ниво во занаетот.Програмата дава можност за натамошно вертикално напредување во занимањето.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 81 | 30 |
Пракса | 162 | 60 |
Оценување | 27 | 10 |
Вкупен број на часови | 270 |