Опис на програма

Програмата содржи вкупно 200 часови од кои 60 теорија, 129 пракса и 11 проверка на стекнатите знаења. Теоријата и писмените проверки ќе се реализираат во РУ „Јоска Свештарот“ – Струмица, а практичниот дел во пекарска работилница во сопственост на Технологот-инженер Благородна Василева, со која РУ склучува Договор за соработка.

Програмата е намената за работоспособни лица со завршено минимум основно образование кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд и имаат афинитети кон пекарството. Бројот на кандидатите се препорачува да не изнесува повеќе од 12 со тоа што ќе се работи во повеќе групи, заради специфичноста на работата и просторните ограничувања во практичниот дел. Програмата ќе трае три месеци и еден месец кај работодавач.

Целите на програмата се кандидатите да се запознаат со опремата за производство на печиво и да ги совладаат постапките на нејзино користење. Да се запознаат со санитарните норми во производството и со правилата за лична хигиена. Да се запознаат со карактеристиките на основните и помошните суровини што се користат за производство на печиво и нивното влијание во технолошкиот процес, со изфработка на печиво кое е најзастапено на нашите простори; изработка на квасно печиво, лиснато тесто, пржено тесто, одредување на температурата на водата за замес на тестото, одредување должина на ферментацијата и температурата на печење. Воочување на можни дефекти и нивно отстранување.

Програмата ќе биде организирана во 6 модули и ќе се врши проверка на стекнатите знаења по утврдена динамика преку писмен тест и практичен дел. По завршување на програмата ќе се спроведе финален испит (тест и практичен дел) пред тричлена комисија, по чие успешно полагање ќе се издаде сертификат за Изработувач на бели печива.

На крајот од програмата учесниците ќе бидат способни да ја користат опремата што се употребува во една пекарска работилница; да ги познаваат условите за лична хигиена и санитарните норми во производството; да ги познаваат карактеристиките на основните и помошните суровини што се користат при производство на бели печива и нивното влијание во текот на технолошкиот процес; да умеат а направат неколку производи од квасно тесто (од замес до финален производ, т.е. печење); да умеат да изработат лиснато тесто со квас; да изработат лиснато тесто без квас; да направат крофни и мекици; да ги лоцираат грешките во текот на производствоо со цел да се отстрани причината.

Резултати од програма

По завршување на обуката за Изработувач на печива кандидатите треба да бидат оспособени да:
  • читаат, толкуваат и прилагодуваат рецептури за печива;
  • ги подготвуваат суровините за производство на печива;
  • вршат органолептичко оценување на суровините;
  • изработуваат домашно ситно бело печиво;
  • изработуваат геврек, перек, сусамка и други видови печива;
  • изработуваат различни видови на филувани и нефилувани кифли;
  • подготвуваат филови за различни видови печива;
  • изработуваат интегрално, пченкарно и други видови печива;
  • изработуваат крофни и мекици;
  • го следат процесот на производство на различни видови печива (бело, интегрално...)
  • вршат соодветно амбалажирање на печивата;
  • пресметуваат рандман на печива;
  • ги подготвуваат печивата за дистрибуција;
  • ги применуваат правилата за хигиенско ракување во процесот на производство на печива;
  • имплементираат HACCP контролен систем во погоните за производство на печива;
  • ги применуваат прописите со кои се регулира производството, продажбата и квалитетот на пекарските производи.
  • се грижи за животната и работната средина;
  • развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење.
  • согледува можностите за организација, водење на сопствен
бизнис- самовработување

Критериуми за влез во програмата

Учесниците треба:
  • да имаат завршено основно образование
  • да бидат државјани на Р. Македонија
  • да не бидат помлади од 17 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 65 65
Оценување 5 5
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support