Опис на програма

Програмата е наменета кон темелно изучување на потребните компјутерски програми и процесот на создавање игра, како и создавање краткометражен филм. Најпрво студентот ќе биде воведен во целокупниот процес и ќе му се разјаснат потребните методи за успешно креирање на игра, почнувајќи од самата идеја, па се до реализацијата.
Во текот на програмата се изучуваат едни од најкористените програми за 3д моделирање, анимација, креирање на игри и филмови, и тоа лиценцираните програми Maya, Substance Painter, ZBrush и Unreal Engine. Програмата е предвидена за 12 месечни студии, од кои првите 6 месеци се изучуваат основите и суштината на програмите, како и почетната фаза во целосната програма, додека останатите 6 месеци се наменети за специјализација на студентот во сферата каде најмногу се пронаоѓа или пак, каде авторизираните инструктори сметале дека би појавил најмногу интерес како и очекувани резултати.
Студентите работат на овозможена добра компјутерска опрема со најсовремена технологија, а по завршувањето на курсот ќе се оспособат за самостојно успешно работење со горенаведените програми и креирање на потребните модули за игри од самиот почеток. Сите оние кои успешно ќе го положат курсот, добиваат меѓународно призната диплома од нашите академски партнери, Autodesk, која во спој со нивното добиено стручно знаење за областа, лесно ќе си ги зголемат шансите за вработување при конкурентноста на пазарот на трудот на ИТ индустријата.
Програмата предвидува примена на современи наставни методи, ставање акцент на тимската работа и соработувањето со колегите/соучениците, што придонесува за подобра комуникација и развивање вештини кои се потребни при реализирање на работните обврски на работните места за кои би можеле во иднина да конкурираат.
Во наставната програма од 600 часови, 200 од нив се предвидени за теоретска настава, додека 400 за практична со што студентите по завршувањето на курсот полесно се справуваат со сите практични предизвици со кои би се сретнале во нивната кариера. Практичните часови се одржуваат со задавање задачи при кои студентот е поттикнат сам да размислува и да наоѓа иновативни решенија на проблемот, а секако нивните идеи се реализираат со помош на професионалниот стручен кадар во МЗДС. За успешно положен студент критерумите предвидуваат носење на 5 финални проекти направени од идеја која е одобрена. На часовите за нивно оценување се поправаат проектите со континуирани консултации за да бидат подготвени за нивното презентирање.
Во академијата наставата се одвива во предавална каде на студентите им е обезбедена лична работа станица со современ компјутер со потребната конфигурација за програмите кои се изучуваат, што е значителна олеснителна околност во текот на самото изучување на потребниот материјал.

Студентот на крај на курсот ќе биде способен да:
– работи на програмите Maya, ZBrush, Substance Painter, Unreal Engine
– изработат игра
– да направат краткометражен филм
– да креираат модели и нивни анимации
– да ги спроведува сите потребни фази при изработка на игри и филмови

Резултати од програма

Студентите се здобиваат со: - комплетно знаење самостојно да можат да креираат игра почнувајќи од идеја па се со нејзината финална реализација, - ќе бидат оспособени за продуктива работа во тим, - ќе можат да креираат 3д модели, - ќе можат да подготват 3д модел за негово принтање, - ќе знаат да ракуваат со 3д принтер, - ќе анимираат модели, - ќе создаваат краткометражни филмови, - ќе ја организираат нивната работа, - ќе развијат работна одговорност и добар приод за крајни рокови, - ќе бидат поттикнати за своеволна доспецијализација во ова поле од ИТ индустријата

Критериуми за влез во програмата

Познавање на основни вештини на компјутер.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 200 31
Пракса 400 61
Оценување 50 8
Вкупен број на часови 650
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support