Опис на програма
Програмата за изработувач на накит од злато се состои од осум тематски целини. Клучна улога во овој вид на образование има мотивацијата што обучувачот треба ја пружи како инструктор, а не kako контролор на учесникот. Тој е повикан да му помогне на учесникот односно кандатот во неговото самообразование и стекнување на вештини преку усни искажувања, демонстрирање на вештини и знаења кои кандидатот треба да ги развива во текот на обуката .
Обуката по тематските целини е ориентирана кон стекнување на практични вештини и знаења,односно целно е ориентирана. Во таа насока обучувачот ќе користи такви форми и методи, кои овозможуваат постигнување на целите Пожелно е да се користи макрометодот проектна задача. Врз основа на проектната задача и резултатите од спроведените тестови наставникот ја заклучува оценката. За сите изработки на учеsниците се води евиденција во нивните портфолија. Доколку кандидатот не ги постигне целите од тематските целини се упатува повторно на постигнување на истите.
Оваа програма треба да води кон сертификат за изработувач на накит од злато во кој ќе бидат внесени стекнатите вештинии знаења
Испитот се состои од практична задача и стручно теоретски дел.Практичната задача се состои од изработка на вежба.Стручно теоретскиот дел се состои од тест задачи. За секој дел од испитот кандидатот се оценува со положил или неположил. Кандидатот добива инструкции и потребните материјали за изработка на практичната задача.Изработката на практичната задача е самостојна работа на секој кандидат без помош на мајсторот или другите членови на комисијата.Времетраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 240 до 480 минути во зависност од испитните задачи.Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија ,која ги следи и ги оценува чекорите во изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи.Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел влијаат во конечното вреднување на постигањата на кандидатите.
Услов за завршување на програмата изработувач на накит од злато е учесникот да ги изработи успешно сите предвидени задачи и активности и на крајот да го положи финалниот тест кој се состои од стручно теоретскиот дел и практична задача.
Резултати од програма
- познавање на особините на благородните метали и нивните легури;
- пресметување каратностa на златото и неговите легури;
- подготвување шаржата за топење;
- леење на растопено злато и неговите легури;
- влечење жица
- изработување накит
- обработка на накитот во раствори од киселини
- турпијање на накитот
- полирање на накитот
- израбоување e на готовиот накит;
- чистeње na готовиот накит,
- одржување на апаратите, алатот во исправна состојба.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 40 | 8 |
Пракса | 460 | 90 |
Оценување | 10 | 2 |
Вкупен број на часови | 510 |