Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники на угостителското послужување како и правилно користење на опремата и инвентарот за послужување.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за келнер гастроном.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 50 часа се стручна теорија, 135 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителско послужување (Напреден курс и Специјализиран курс).
Резултати од програма
По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
- планира, подготвува и изведува работи во угостителските објекти;
- врши проверка на квалитетот на извршената работа;
- користи опрема и инвентар потребен при послужувањето на јадењата и пијалаците
- организира и сервира ресторанска маса за вечера или ручек по избор од листата на јадења или по утврдено мени
- применува во практика правила при послужување на различни видови оброци главни, споредни и прилагодени
- користи правила при послужување на специјални јадења во ресторанот
- послужува јадења и пијалаци при банкетското послужување
- ракува со инвентар при послужување во точилница-бар
- подготвува основни барски коктели
- презентира гастрономски правила пред гостинот
- применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина.
Критериуми за влез во програмата
Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: психофизички здрав, емоционално способен и стабилен.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 25 | 25 |
Пракса | 67 | 67 |
Оценување | 8 | 8 |
Вкупен број на часови | 200 |
0 STUDENTS ENROLLED