Опис на програма
Резултати од програма
По завршување на обуката кандидатот ќе биде оспособен да:
- организира простор и работа во козметички салон,
- подготвува работното место и клиент,
- подготвува лице за третман
- третира лице според состојба на кожа,
- применува видови третмани на лице,
- применува техники на масажа според состојба на тело и средство за масажа
- депилира лице и тело со примена на разни техники и средства,
- применува норми на работна етика.
Критериуми за влез во програмата
Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 36 | 15 |
Пракса | 180 | 75 |
Оценување | 24 | 10 |
Вкупен број на часови | 240 |
0 STUDENTS ENROLLED