Опис на програма
Главна цел на програмата е да се оспособат лица над 15 години самостојно да изведуваат услуги за маникир и педикир.Програмата е прилагодена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Програмата е со времетраење од два месеци односно 175часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак се изведува во козметички салон.Учесниците ќе стекнат знаење и умеење да подготват работен простор и работно место, да комуницираат со клиенти и со деловни партнери, да извршуваат техники на маникир и на педикир, да надградуваат и одржуваат нокти, да декорираат и да негуваат раце и нозе. Програмата во делот бизнис и претприемништво ги запознава учесниците со можностите за отворање на сопствен бизнис. Постигањата на учесниците се проверуваат тековно и на крај од програмата на завршен испит. .Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит од практичниот дел се стекнуваат со Сертификат за Маникир-Педикир по верифицирана програма.а
Резултати од програма
- закажува третмани
- подготвува работно место и клиент
- определува состојба на нокти
- прави маникир на природни нокти
- обликува и надградува нокти со гел
- надградува нокти со шаблон, гел лак и друго
- надградува нокти во френч ковер техника,
- одржува и отстранува надградени нокти
- декорира нокти на раце и нозе
- изведува завршни работи во декорација и нега
- изведува техники на педикир
- врши консултативно-советодавна услуга со клиентите,
- работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата
- ги познава и применува правата од работен однос и можностите за отворање и водење на сопствен бизнис.
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 34 | 20 |
Пракса | 124 | 70 |
Оценување | 17 | 10 |
Вкупен број на часови | 175 |
Course Reviews
No Reviews found for this course.