Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења и вештини, компетенции за примена на основните техники во масажата, како и правилно користење на средства за работа, уреди, опремата, препарати, матерјали и инвентар.

 

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука и води до стекнување на сертификат за масер во козметички салон.

 

Времетраењето на програмата е 100 часа од кои 20 часа се стручна теорија, 73 часа се практична обука во реални работни услови и 7 часа се наменети за оценувањено. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

 

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • организира прием на клиентот во салонот,
  • идентификува средства и препарати за масажа,
  • разликува методи за одредување на статусот на клиентот за масажа,
  • индентификува и правилно користи приборот, уреди, апарати и средствата за работа,
  • избира средства и препарат за различен третман на масажа
  • применува техниките на класична масажа на тело со употреба на масажни масла според типот на кожата, како и со билни и фито - ароматски масла
  • изведува релаксациона масажа на разни типови на кожа на лице и тело
  • користи различни третмани за антицелулитна масажа
  • изведува арома масажи со разни комбинации на масла и серуми
  • идентификува акупресурните точки
  • развива одговорност при работа и интерес за доживотно учење.
  • применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина.

Критериуми за влез во програмата

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 73 73
Оценување 7 7
Вкупен број на часови 100
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support