Опис на програма

  Програмата „Масер за естетска масажа” е насочена кон стручно оспособување на учесниците за

самостојно извршување работни задачи масер за тело во козметички салон. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Структурата на програмата е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на

кандидатите (завршен испит). Времетраење на програмата е 200 часа.

Стручно-теретскиот  дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет, опремен според правилникот за

стандардите за просторот и опрема. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со завршени студии по медицина.

Практичниот дел од обуката ќе се реализира во козметички салони. Практичниот дел од обуката ќе го реализира

козметичар-масер со работно искуство.

Третиот дел од програмата е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

              По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на оваа дејност,подготвува работно место и  клиент за третман, спроведува третмани на масажа на тело, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

         Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на

кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

        Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата

во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит..

         Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за „Масер за естетска масажа”.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа.

 

Резултати од програма

По завршувањето на обуката учесникот ќе биде оспособен да: -  планира и организира простор и работа во салон за масажа -  дезинфицира и стерилизира простор, работни површини, прибор и апарати за масажа -  врши прием на клиент -  подготвува работно место и клиент за масажа -  препознава индикации и контраиндикации за масажа -  избира третман на масажа според состојбата и желбата на клиентот - изведува техники на основни и комбинирани  масажни движења -  изведува техники на традиционална масажа (општа, локална), естетска масажа -  применува норми на работна етика -  работи во согласност со прописите за лична заштита  и заштита на клиентите и околината

Критериуми за влез во програмата

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка). Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 20
Пракса 144 72
Оценување 16 8
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support