Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники на заварувачки и репаратурни работи според пропишаниот МИГ-МАГ начин на заварување.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат МИГ – МАГ ЗАВАРУВАЧ
Времетраењето на програмата е 264 часа од кои 45 часа теоретска обука, 193 часа се практична обука во реални работни услови и 26 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор наставник или дипломиран машински инжинер со работно искуство а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен обучувач вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат МИГ – МАГ ЗАВАРУВАЧ .
Резултати од програма
- ја планира и ја организира работата,самостојно и во тим
- ги подготвува работното место, алатот, машините и мерните инструменти;
- ги проверува,приспособува и ги одржува опремата,машините,уредите и средствата што се користат во работата;
- обезбедува квалитетни услуги и извршени работи;
- комуницира со соработниците и клиентите,со почитување на деловните принципи;
- врши заварувачки и репаратурни работи според пропишаниот МИГ-/МАГ начин на заварување;
- ги обезбеди потрошните материјали во зависност од процесот на работа;
- ги обработува работните налози и техничката документација што е потребна за редовно извршување на работните задачи;
- ги користи стручната литература и упатствата за квалитетно извршување на работата;
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 45 | 17 |
Пракса | 193 | 73 |
Оценување | 26 | 10 |
Вкупен број на часови | 264 |