Опис на програма
Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции кои ќе му овозможат оспособување за монтирање и инсталирање на соларни системи и колектори.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Монтер и инсталатер на сончеви панeли“.
Времетраењето на програмата е 280 часа од кои 84 часа теоретска обука, 168 часа се практична обука во реални работни услови и 28 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука ќе се реализира во училница/кабинет, а практичната обука се одвива преку вежби и изработка на проектни задачи на терен во простории опремени за реализација на обуката. Програмата обработува тематски целини од: основи на електротехника и електротехнички материјали, соларни системи и колектори, технологија на работа и заштита при работа, монтажа и инсталирање на соларни топловодни системи, избор и монтажа на фотонапонски системи.
Вреднувањето на постигањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнатите вештини и компетенции.
По завршувањето на програмата се врши проверка на знаењата и оспособеноста на учесниците за работа со сончеви панели при што учесникот по успешно завршената проверка на стекнатите знаења се здобиваат со Сертификат „Монтер и инсталатер на сончеви панли“.
Резултати од програма
Критериуми за влез во програмата
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 84 | 30 |
Пракса | 168 | 60 |
Оценување | 28 | 10 |
Вкупен број на часови | 280 |