Опис на програма

Програмата за обука на монтер и инсталатер на сончеви панели  претставува посебна прогарма за преквалификација или доквалификација со стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 320 единици за обука (една единица е еквивалент на еден наставен час).

Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребните знаења, вештини и компетенции.

Со практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на кандидатите за практична примена на постапките за монтирање и ставање во функција арматурите за сончеви панели, дефинирање и избор на параметрите,самостојно изведување на работните задачи и визуелна контрола.

Резултати од програма

Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции:
  • разликува изменувачи на топлина
  • сврзува цевки и цевни елементи во раздвоиви и нераздвоиви врски:
  • изведува мерење на површините и засенување на кровот или просторот на зададената локација;
  • разликува изведби на соларни системи со рамни панели и вакум цевки;
  • чита шеми на разни изведби на топловодни соларни системи;
  • користити каталози и прирачници припорачки на инсталациски елементи и компоненти од системот,
  • монтира соларни топловодни системи на основа припремената техничка документација,
  • пушта во работа соларни топловодни системи и ја проверува функционалноста на системот,
  • користи соодветен алат и иструменти при монтирање на фотонапонски системи
  • проектира поедноставни фотонапонски системи
  • врши монтирање на елементите на системот во функционална целина
  • ја испитува функционалноста на фотонапонскиот систем
  • сервисира и одржува фотонапонски соларен систем
  • ги применува правилата за заштита при работењето на фотонапонските системи
  • изведува постапки на редовно одржување и отстранување на неисправности при застојна работата на системот,
  • прави калкулација за инсталацијата и монтажата на системот,
  • развива способност за комуникација, добри меѓучовечки односи, работа во тимови;
  • познава права и обврски од работен донос и водење на соспствен бизнис;
  • почитува норми за енергетска ефикасност на системите;
  • развива еколошка свест, почитува мерки за лична и колективна заштита при работа и заштита на животната околина.
користити заштитна опрема и заштитни средства при монтажа и работа на висина.

Критериуми за влез во програмата

За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат: -Завршено минимум основно образование, а повисок степен на образованиe ќе се смета за предност при упис. -Не е потребно да поседуваат предходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. -Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 96 30
Пракса 220 69
Оценување 4 1
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support