Опис на програма
Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции потребни за занимањето Монтер на водоводна и санитарна инсталација. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со различните системи и технологија на водоинсталатерство а голем дел од програмата е и практична настава преку која во реални услови ќе ги извршуваат зададените задачи. На крајот од успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за занимањето Монтер на водоводна и санитарна инсталација. Во програмата ќе се вклучат кандидати со завршено минимум основно образование. Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа во траење од 250 училишни часа.
Резултати од програма
По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:
- подготвува и организира работно место;
- подготвува материјали и алати потребни за извршување на работата;
- користи стручна литература и упатствата за квалитетно извршување на работата;
- применува прописи за заштита при работа, заштита на околина и користење на средства за лична заштита;
- познава својства на разни видови материјали потребни за инсталација, нивна трајност и чувствителност на промена на температура и влага;
- води и чува потребна документација;
- одржува алати и машини за поставување водоводни и санитарни инсталации;
- применува стандарди и норми во монтажата на инсталациите на цевките;
- поставува внатрешни и надворешни водоводни и санитарни водови;
- поврзува внатрешни и надворешни водоводни и санитарни водови;
- монтира енергетски уреди на системот од инсталации со цевки;
- применува постапка за дезинфекцијата на систем и прочистување;
- тестира исправност на инсталациите со цевки согласно прописите;
- тестира работење на водоводните и санитарните инсталации, уредите и целиот систем;
Критериуми за влез во програмата
Завршено минимум основно образование, а повисок степен на образованиe ќе се смета за предност при упис.
Не е потребно да поседуваат предходни знаења, вештини и компетенции од оваа област.
Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.
Времетраење на програмата
Времетраење на програма | Вкупен број на часови | Изразено во проценти |
---|---|---|
Теорија | 75 | 30 |
Пракса | 165 | 66 |
Оценување | 10 | 4 |
Вкупен број на часови | 250 |
0 STUDENTS ENROLLED