Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  изработка на плафони, ѕидови, сводови, декорации и сл. од гипскартонски плочи како и правилно користење на опремата и алатот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Монтер на гипскартонски елементи“.

Времетраењето на програмата е 240 часа од кои 40 часа теоретска обука, 180 часа се практична обука во реални работни услови и 20 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на професор а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен ментор вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Монтер на гипскартонски елементи“.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја организира својата работа;
  • ги почитува мерките за рационално користење струја, материјал и време;
  • применува прописи за добра производна и добра хигиенска пракса (НАССР);
  • применува прописи за заштита при работа;
  • разликува технолошки постапки за изведба на одделни видови гипс картонски системи;
премерува, сече, монтира, зашрафува и фугира гипс картонски плочи;

Критериуми за влез во програмата

Минимум основно образование и возраст од најмалку 18 години, и да ги поседува  следните особини: - да е психофички здрав,

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 40 17
Пракса 180 75
Оценување 20 8
Вкупен број на часови 240
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support